Учество на меѓународна деловна конференција

Дел од атмосферата на меѓународната деловна конференција на тема: “Претприемништво за жени во БиХ и регионот – Можности за иновации, развој, раст и вмрежување”, на која како панел говорник учествуваше Марина Анчевска, НЛП Мастер Тренер, бизнис коуч, трансформациски претприемач, писател, кога учител.

Конференцијата беше дел од Вторите сараевски Б2Б средби на жени претприемачи од БиХ и регионот, во Сараево, организирани од страна на невладината организација од Сараево, „Жени Претприемачи IN“, која обединува жени претприемачи, деловни и проактивни жени, со цел промовирање на претприемништвото, демократијата и културата, како основни вредности на едно општество.