Марина Анчевска – Добитник на престижното признание “Нај жена на 21-от век“

 

 

19-тото издание на престижната меѓународна манифестација “Нај жена на 21-от век“ се одржа на 02 декември 2019 година во хотелот “Crowne Plaza” во Белград, Србија. Зад овој настан, чиј главен организатор е Аерли+ ниво од Србија, се наоѓаат здруженија на претприемачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија.

Целта на манифестацијата е вмрежување и наградување на признати, успешни и почитувани жени од различни области на работењето, кои стануваат значаен фактор во економскиот и стопанскиот живот на Балканот.

Учесници на манифестацијата, меѓу кои се и добитниците на престижните признанија, се успешни претприемачи, стопанственици, јавни личности, како и лица кои на Балканот се сметаат за исклучително хуманитарни, харизматични и над се, храбри и силни личности кои, водени од сопствената визија и мисија, преку својата работа и посветеност во општеството и заедницата во која работат, оставаат неизбришлив белег на успех и промени.