Системска NLP Practitioner Програма
Legend
- Still to start
- Completed
За се има решение!
Доколку не можете да направите надворешна промена, т.е. да влијаете на околината и на случувањата, внатрешната промена е секогаш возможна!
Звучи едноставно, меѓутоа токму таа внатрешна промена бара свесност, агилност, прилагодување, флексибилност, снаодливост, издржливост и секако системска прецепција.
Агилност, снаодливост и флексибилност се потребни и за да направите избор во начинот на кој што се однесувате и дејствувате за да го добиете посакуваниот резултат. Меѓутоа тоа не е доволно.
Потребна е свесност, агилност и флексибилност и во системот во кој што дејствувате. Тоа бара системската свесност.
Системскиот пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на групата т.е. системот.
Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето. Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.
Системската НЛП програма, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.
Системската NLP Practitioner програма која што се спроведува во Центарот за бизнис психологија, е дел од новата, четврта по ред НЛП генерација и е многу повеќе од збир на техники за подобар личен и професионален развој!
Оваа програма е развиена и креирана од Марина Анчевска, НЛП Мастер Тренер меѓународно сертифициран лично од страна на основачите (Robert Dilts и Judith DeLozier) на НЛП Универзитетот, Санта Круз, Калифорнија, САД. https://www.linkedin.com/in/marina-anchevska-
Програмата е пропратена материјали од врвен квалитет, вежби за време и помеѓу модулите и искуствено учење.
Во програмата е вклучен и индивидуалниот пристап. Иако се работи во група, секој учесник добива посебно внимание преку коучинг за добивање одговори на сопствените прашања и предизвици.
НАМЕНЕТА ЗА:
- Индивидуалци кои сакаат да се развиваат и да се погледнат себе си од една друга перспектива – системска.
- Професионалци кои раководат со луѓе и процеси и кои сакаат да ги зајакнат сопствените лидерски и коучинг способности.
ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА ПРОГРАМА
Добивате 3-во-1:
- Меѓународно сертифицирана и акредитирана NLP Practitioner Програма;
- Основи на Системска Работа со НЛП техники;
- Индивидуален Системски Коучинг.
Добивате и ДВА СЕРТИФИКАТИ:
- Сертификат за NLP Practitioner Програма, валиден ширум светот, акредитиран од страна на ABNLP,
- Сертификат за Основи на Системска Работа со НЛП техники, акредитиран од страна на Центарот за Биснис Психологија, Системски и НЛП.
Секој учесник добива посебно внимание преку коучинг, за добивање одговори на сопствените прашања и предизвици.
Добивате и вреден БЕСПЛАТЕН БОНУС
- Најдобро чуваната тајна практикувана само во неколку НЛП тренинг центри во светот - мистериозна вежба со која ќе доживеете прекрасното животно искуство;
- Предавање за најмоќниот НЛП метод - Re-framing со системски пристап;
- Предавање за “Points of You” – методологија со коучинг картички за личен и професионален развој, што ќе ви овозможи да гледате на работите од нова гледна точка.
ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ
СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА
Модул 1: Комуникација со самите себе – Нашиот внатрешен дијалог.
Посветен на откривање каде сте во моментов и што е тоа што сакате да го постигнете. За да дојдете до целта потребно е да го освестите и осознаете начинот на кој што комуницирате со самите себе и како истиот се рефлектира во вашата околина. Се започнува од тоа како реагираме на тоа што се случува во околината и какви акции превземаме.
Модул 2 – Јазикот на потсвеста
Посветен на структурата на однесувањето. Многу е поважно да се фокусирате на начинот на кој што креирате однесување отколку на самото однесување. Доколку ја смените вашата структура на размислување ќе го смените и резултатот од истото. Исто така и јазикот кој што го користиме има одредена структура.
Модул 3: Стратегии
Сите ние имаме и дејствуваме според одредени обрасци кои што ги создаваме несвесно. Тие обрасци креираат стратегии и истите се всушност нашите навики.
Ќе научите практични техники за освестување на вашите лимитирачки навики и крирање на нови , иснпиративни и мотовирачки кои што усешно ќе ве водат кон остварувањето на вашите лични и професионални цели. Стратегиите потекнуваат од верувањата и вредностите, а нив ги превземаме од опкружувањето во кое сме израснати.
Модул 4: Променете го начинот на кој што ги гледате работите
Како би било доколку би можеле да го смените начинот на кој што ги доживувате работите и да им дадете друго значење?
Модул 5: Кога зоната на комфорот веќе не е комфорна
Каква е вашата способност да се менаџирате себе си? Ќе научите практични техники лесно и едноставно да ја менувате вашата внатрешна состојба и во секоја ситуација да можете да се менаџирате себе си.
Модул 6: Временска линија – Во минатото иднината е секогаш присутна!
Една од најмоќните НЛП техники е работата на временската линија и емоциите кои што ги придружуваат сите наши запамтени настани. За да можеме да се справиме со емоциите кои што се поврзани со искуствата од минатото ние се делиме на разни делови.
Модул 7: Креирајте ја својата иднина на лично и професионално поле
Кои се вашите цели и какви промени сакате да предизвикате? Системски пристап во организациските системи.
Финален Ден: Презентирање на вашето НЛП знаење и доделување на вашиот акредитиран НЛП сертификат!
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Системската NLP PRACTITIONER програма трае 18 дена од кои:
* 14 дена распоредени во 7 модули од 2 дена за спроведување на теоретскиот дел на програмата и практични вежби,
* 3 дена прашања и одговори и практични вежби во вкупно времетраење од 18 часа, поделени во 6 термини од по 3 часа ,
* Последен ден за презентирање на стекнатите знаења.
Програмата се одвива во период од 8-9 месеци. Модулите се организираат во временско растојание од 4-5 седмици помеѓу модулите.
ПОВЕЌЕ МОДУСИ ЗА ПЛАЌАЊЕ СО МНОГУ ПОВОЛНОСТИ !!!!
- СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА!
- ПЛАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ РАТИ!
- ОДЛИЧНА СТИПЕНДИЈА за студенти!
- ИСКЛУЧИТЕЛНО ПОВОЛНИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ за учество на 2 и повеќе лица од иста компанија!
Повеќе информации, регистрација и резервација на:
contact@nlpmacedonia.com
+389 78402762
Секој процес на промена треба да започне со размислување на местото каде што вие сега стоите.
Инвестирајте во уникатно образование што е овозможено преку акредитираната системска НЛП програма и погледнете го вашиот живот од друга, поширока и надградена перспектива.