• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

PRIVACY POLICY

Ex utamur fierent tacimates duis choro an

Lorem ipsum dolor sit amet, ius minim gubergren ad. At mei sumo sonet audiam, ad mutat elitr platonem vix. Ne nisl idque fierent vix.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност се однесува само за www.nlpmacedonia.com  и поддомените во сопственост на www.nlpmacedonia.com, вклучувајќи ја и интернет продавницата trainingsandcoaching.com.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

За да ја користите услугата за електронска продажба на Центарот за бизнис психологија, СИСТЕМСКА НЛП – ЈИЕ ДООЕЛ и интернет продавницата trainingsandcoaching.com, Центарот за бизнис психологија прибира и обработува одредени Ваши лични податоци, а тоа се:

  • Вашето име и презиме,
  • e-mail адреса
  • адреса за испорака на нарачката
  • телефонски број за контакт и
  • информации за Вашата платежна картичка.

Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб страница и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Центарот за бизнис психологија, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб страница, како и Центарот за бизнис психологија воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

Можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

Центарот за бизнис психологија го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Стопанска банка АД со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на  трансакција.

Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата на Стопанска банка АД. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица.

Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на contact@nlpmacedonia.com или на 078/402762.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Центарот за бизнис психологија да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во Условите за користење.