Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ, нуди широк спектар на деловни програми, програми за управување, коучинг и програми за личен развој, фокусирани на професионален и одржлив развој.
Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е водечки центар кој што обезбедува професионални меѓународно акредитирани и сертифицирани НЛП програми и Коучинг програми во Македонија.
Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е единствен центар на Балканот кој посветено го применува системскиот пристап во своите програми, кои се насочени кон постигнување на посакуваните резултати на индивидуите и бизнисите. Примената на системскиот пристап во процесот на креирање позитивни промени делува во насока на поврзување на индивидуите и деловите од различните системи во комплексни функционални целини.
Нашите програми се наменети за сите љубопитни трагачи и за сите индивидуи кои што чувствуваат потреба за промена и сакаат да инвестираат во својот личен и професионален развој.
Нудиме посебно формулирани обуки за различни типови организации, компании и здруженија на граѓани.
Нашите програми за личен и професионален развој се погодни за секоја личност и организација, ориентирани кон континуиран раст и подобрување на нивната индивидуална и колективна активност.
Добредојдени сте да се вклучите во нашите програми и да дознаете што може да постигнете со знаењето стекнато во нашиот центар.
Ги поттикнуваме луѓето да станат свесни за нивните движечки сили, за усвоените обрасци и за инспирацијата за нивните достигнувања во животот.
Со користење на стекнатите знаења, вештини и увиди, луѓето можат да изберат да направат конструктивна промена во нивните животи.
Нашата мисија е да создадеме подобар свет, со тоа што ќе им дадеме на луѓето алатки да станат подобри професионалци, да ја зголемат сопствената самодоверба и да бидат ентузијасти и посреќни, за да можат, на нивен уникатен начин, да го направат нашиот свет подобро место.
Ги инспирираме луѓето да креираат холистички стил на живот како главна основа за леснотија и среќа.
Ги поддржуваме компаниите во процесите на нивните организациски промени преку обезбедување на коучинг за сите нивоа на управување и за вработените.
Веќе 13 години, Центарот организира разни тренинзи и настани, обучува и коучира тимови и поединци, соработува со голем број организации од различни сектори, учествува на меѓународни конференции, гостува во сите медиуми и портали. Ова се прави со цел да се подигне свеста кај секој поединец, тим и организација дека, за да се направи развојна промена, треба да се управува одредено движење. Во тоа придвижување треба да се тргне од поединецот, т.е. вашиот вработен и неговата врска со организацијата, односно фирмата како системска целина од која вработените се дел, при што секој вработен поединечно, преку сопственото учество, влијае во нејзината развојна динамика.
Богатото меѓународно искуство и постојаната желба за раст и развој, суптилно го наметна Центарот како меѓународно препознатлив бренд во областа на тренинзите за личен и професионален развој.
Преку вклучувањето на СИСТЕМСКИОТ КОУЧИНГ во сите програми Центарот, како единствен на Балканот, ви нуди уникатен и практичен пристап.
Што се подразбира под системски коучинг?
Индивидуата/вработениот е дел од еден поголем систем во вид на партнерство, кое вклучува градење на врски, како: семејни врски, врски со општествената реалност и тимски врски во рамки на организацијата.
Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на поединецот, како и на групата, т.е. системот во кој што припаѓа.
Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓа вработениот.
Осознавањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.
Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.
Целта на системскиот коучинг е да го смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.
Повеќе од 11 години, Центарот организира разни тренинзи и настани, обучува и коучира тимови и поединци, соработува со голем број организации од различни сектори, учествува на меѓународни конференции, гостува во сите медиуми и портали. Ова се прави со цел да се подигне свеста кај секој поединец, тим и организација дека, за да се направи развојна промена, треба да се управува одредено движење. Во тоа придвижување треба да се тргне од поединецот, т.е. вашиот вработен и неговата врска со организацијата, односно фирмата како системска целина од која вработените се дел, при што секој вработен поединечно, преку сопственото учество, влијае во нејзината развојна динамика.
Богатото меѓународно искуство и постојаната желба за раст и развој, суптилно го наметна Центарот како меѓународно препознатлив бренд во областа на тренинзите за личен и професионален развој.
Преку вклучувањето на СИСТЕМСКИОТ КОУЧИНГ во сите програми Центарот, како единствен на Балканот, ви нуди уникатен и практичен пристап.
Што се подразбира под системски коучинг?
Индивидуата/вработениот е дел од еден поголем систем во вид на партнерство, кое вклучува градење на врски, како: семејни врски, врски со општествената реалност и тимски врски во рамки на организацијата.
Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на поединецот, како и на групата, т.е. системот во кој што припаѓа.
Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓа вработениот.
Осознавањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.
Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.
Целта на системскиот коучинг е да го смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.
Применуваме уникатен пристап
Спроведуваме меѓународно акредитирани и сертифицирани НЛП програми
Применуваме методологија на работа чиј резултат е вашиот успех
наменети за индивидуалци кои се подготвени да инвестираат во себе за личен и професионален развој, подобра конекција и релација со луѓето, нови можности, перспективи и успех во животот.
Во овој вид тренинзи се опфатени меѓународно акредитираните и сертифицирани НЛП програми кои ги спроведува Центарот:
намененти за социјално одговорните компании, со развиена системска свест, компаниите кои сакаат да направат долгорочни промени и да напредуваат, а ќе напредуваат само доколку нивните вработени напредуваат лично. На таквите компании им е важно да се обучат луѓето на клучни позиции, кои што понатака ќе ги едуцираат своите вработени, најпрво преку личен пример, а потоа преку разни техники и алатки, бидејки – Современиот менаџер е – People developer!
Во овој вид тренинзи се опфатени системските тренинг и коучинг програми кои се посебно формулирани согласно потребите на компаниите, како и системските тим билдинг тренинзи.
Наменети за индивидуалци кои се стремат да постигнат баланс меѓу приватниот и деловниот живот, зголемување на самодовербата, справување со стрес, подобрување на комуникацијата, развивање на талентите, подобрување на релациите со другите луѓе, развивање на животна визија, поставување и остварување на предизвикувачки цели, како и во многу други значајни моменти од животот.
Клиенти за кои се организирани посебно формулирани тренинзи и тим билдинг:
Компании чии вработени учествувале на обуки организирани од страна на центарот: