• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Шест-дневна НЛП Бизнис Програма

Доколку сте подготвени да се развивате себе си и вашите вработени, да ги коучирате и да генерирате ентузиазам, преку вашите примери да бидете енергичен мотивиратор и кај секого да креирате чувство на припадност во организацијата, тогаш оваа уникатна и ефикасна програма е токму она кое што ќе ви овозможи да направите нештата да се случат!

 

Шест дневената НЛП бизнис програма ви нуди уникатна можност, преку ефективните и практични НЛП техники, уште повеќе да го развиете својот потенцијал, потенцијалот на вработените и секако на компанијата во целост.

Оваа програма е дизајнирана специјално за компаниите кои што се насочени кон пронаоѓање на иновативни начини во следењето на светските бизнис трендови на менаџирањето и нивно имплементирање.

6 дневната НЛП бизнис програма вклучува техники за тоа како да се справите или да креирате промени, со цел да ги остварите своите лични цели и целите на компанијата.

Се започнува од луѓето кои што се дел од организацискиот систем. Нивните внатрешни процеси креираат однесување кое што влијае на опкружувањето.

Оваа програма ќе ви овозможи креативност во начинот на менаџирањето на луѓето, со цел да ја зголемат нивната ефикасност во себеуправувањето и  дејствувањето, при справувањето со секојдневните предизвици.

6 дневната НЛП бизнис програма ви нуди практични алатки за да креирате организациски систем кој што дејствува колективно.

За кого е наменета оваа програма?

6 дневната НЛП бизнис програма ќе им овозможи вам и на клучните луѓе во компанијата да бидете повеќе ефикасни во управувањето на трите најважни елементи од еден организациски систем:

Себе си, својот тим и различните засегнати страни со кои се одвива комуникација на било кое ниво.

Програмата се состои од 3 дво-дневни модули за период од 3 месеци:

Модул 1 – Харизматична комуникација со НЛП техники

Ќе дознаете за тоа како комуницирате со самите себе и како вашето однесување влијае на околината, кои се функциите на потсвеста и како тие го креираат однесувањето.

Модул 2 – Напредни бизнис коучинг техники – Системски коучинг

Ќе научите коучинг техники кои ќе ви овозможат флексибилност и промена на однесувањето за да можете да влијаете, да ги водите и мотивирате другите. Со кратки и прецизни НЛП коучинг прашања можете да направите големи промени.

Модул 3 – Совесни лидери и Колективна Интелигенција

Зошто е важно вашата организација да креира Совесни лидери и како да го направите тоа? Совесните лидери се конгруентни и харизматични личности кои што веруваат во тоа што го прават и ги вреднуваат здравите релации. Размислуваат системски и се насочени кон големата слика. Совесните лидери се свесни за важноста на колективната интелигенција. Со користење на системска интервенција тие обезбедуваат нови извори и решенија за решавање на кој било вид тимска или организациска динамика.

 

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Патриша Конлон НЛП Мастер Тренер