• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Четврта и Петта Генерација на НЛП

 

Животот е процес. Едноставна реченица која во зависност од контекстот во кој се разгледува, ситуацијата или предизвикот со кој се соочуваме, делот од приказната во кој се наоѓаме или пронаоѓаме, упатува на одредена динамика во целокупното постоење на одредена индивудуа или организација.

Создавањето на приказните, нивното пренесување и раскажување е процес на градење на микро космос кој е дел од холистичките динамички процеси на создавање на карактер, култура, организација или општество. Во комуникацијата со себе и со луѓето околу нас, во тие испреплетени процеси се отвараат прашања за нашиот идентитет, мисија и визија, за тоа каде сме и во која насока сакаме да се движиме? Што не води напред и што не мотивира? Често пати се прашуваме зошто нешто ни оди, или пак не ни оди? А никогаш не сме ги поставиле работите дека, ако нешто не ни оди, не значи дека не оди како што треба.

Невро лингвистичкото програмирање, како наука, ги поврзува процесите на размислување, однесување и дејствување кои се изразуваат преку вербалната и невербалната комуникација во различни аспекти од секојдневниот живот. Тоа се всушност највлијателни компоненти на човековото однесување и дејствување, преку кои може да се влијае во позитивна насока за надминување на погоре споменатите предизвици со кои се соочуваме во одреден момент од животните процеси.

 

 

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


НЛП го менува начинот на размислување во насока која овозможува да се постигне позитивна трансформација и да се надминат предизвиците со кои се соочуваме во комуникацијата со најблиските или пак во работата која ја работиме. Често пати, ако не и во најголем дел од случаите, тие „предизвици“ произлегуваат од неможноста да разбереме што стои зад површината во комуникацијата со луѓето околу нас. Зошто се однесуваме така како што се однесуваме, зошто некој ни одговара на одреден, непосакуван начин, иако сме објасниле се како што треба или пак обратно. Одговорот е во тоа што секој од нас има своја „мапа“ на светот, односно своја перцепција за реалноста изградена врз основа на верувањата и вредностите кои се учат и градат низ животот.

Процесирањето на информациите кои доаѓаат до нас е уникатно, различно за секој од нас, а тоа исто така значи и нивно различно изразување на поворшината во секојдневната комуникација со луѓето околу нас. Ова е важно не само во комуникацијата со нашите најблиски, туку и со луѓето во тимовите во организацијата во која работиме. Од начинот на кој комуницираме, односно ги процесираме информациите и од верувањата и вредностите кои ги стекнуваме низ животот зависи и развивањето на чувството на припадност во различни системи кон кои сакаме да припаѓаме.

Иницијално, верувањата и вредностите, односно системот на вредности се развива и потекнува од семејството. Во секое семејство позади нас стојат родителите, нивните родители, нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци итн. Тие се соочувале со различни животни ситуации, при што во различен контекст постоеле различни динамики кои, без разлика на генетиката, се пресликуваат во нашето однесување во системите во кои сакаме да припаѓаме надвор од семејството.

Постои силна поврзаност помеѓу фамилијарните и организациските системи. Како сме поврзани со самите себе, зависи од нашата фамилијарна динамика, а сето тоа се рефлектира врз поврзаноста со другите луѓе и со светот околу нас. Сите ние сме системски поврзани и зависиме едни од други. А тоа пак има влијание врз развивањето на глобалното чувство на припадност и развивањето на колективната свест преку организациското, системско дејствување.

Невро лингвистичкото програмирање, во четвртата и петтата генерација од својот развој се фокусира на овие прашања и успешно развива модели и техники базирани на принципите на системската методологија кои нудат рамки за разбирање на комплексните системски процеси.

Разбирањето на луѓето во Вашиот тим, пренесувањето на краткорочните и долгорочните цели на организацијата, обезбедувањето на поврзаност на сите делови од организацијата, како и развивање на чувство на припадност во истата се од клучна важност за успешно функционирање и опстојување на еден бизнис во денешното динамично опкружување.

Комбинацијата на НЛП техниките и системската работа овозможуваат сеопфатна рамка за дијагностика, разбирање и решавање на комплексните процеси кои стојат зад однесувањето на индивидуите, а се рефлектираат во односите во семејството, луѓето со кои секојдневно комуницираме и во организациите во кои работиме. Разбирањето на полето на душата, односно на фамилијарните динамики овозможува да се разберат мисловните процеси, реакциите на телото и емоциите од друг, посуштински, подлабок агол и на тој начин да се воспостави баланс и да се надминуваат животните предизвици на одржлив начин.

 

Четврта и Петта Генерација на НЛП

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *