• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Програма“ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ“ За Комуникациски Способности

 

Оваа програма нуди интересен, динамичен и неконвенционален пристап, што е најзначано за еден тренер. Тренерите ќе научат ефективни, практични и веднаш применливи НЛП техники за комуникација. Покрај тоа ќе развијат свој уникатен стил кој што е интерактивен, лесно прифатлив и едукативен.

Програмата е наменета за интерни тренеери во рамките на компанијата.

По завршување на програмата, секој тренер ќе добие материјал за подготовка на тренинг за комуникациски вештини, прирачник за работа со сценарија и вежби.

Ден 1: Конгруентност и комуникација

Првиот ден е посветен на конгруентноста на тренерот, т.е. неговата свесност за пренесувањето на информациите, вербално и невербално.

Tips & Tricks за тренери!

Покрај тоа, тренерите ќе научат нови и практични НЛП техники кои што веднаш ќе можат да ги применат во своите тренинзи.   

  • Што предизвикувате вие како тренер во главата на вашите учесници?
  • Дали го живеете тоа што го предавате?
  • Како ве гледаат другите? Презентациски стилови кои што ги користат врвните тренери.

Практични вежби за да го освежите и надополните вашиот тренерски стил.
Ден 2: Јазикот како структура

Вториот ден е посветен на структурата на комуникацијата, како основа на однесувањето. Како тренер најважно е да пренесете дека во комуникацијата фокусот е на начинот на кој што е креирано однесувањето, а не на самото однесување.

Вербалната комуникација т.е. јазикот има одредена структура.

  • ВАКОГ моделот како алатка за комуникација според сетилата – Репрезентативни системи;
  • Основните човечки потреби го креираат однесувањето и се важен сегмент во комуникацијата;
  • Техниката рапорт и нејзина практична примена во комуникацијата;
  • Бришење, искривување или генерализирање на информациите;
  • Предизвици во комуникацијата и надминување на конфликти;
  • Фидбекот како комуникациска вештина;

Практични вежби.

Ден 3: Подготовка на тренингот

Третиот ден е посветен на подготовка на тренингот. Тренерот треба да формулира структура на тренингот, а за да го направи тоа, треба да ја знае намената на секој дел од тренингот. Успехот на тренингот е резултат на подготовката.

  • Направете го вашиот тренинг интерактивен, со минимална употреба на слајдови.
  • Подготовка на тренинг. Процес на креирање на интерактивен, едукативен и динамичен тренинг.
  • Модел на комуникација – основата во тренингот за комуникација;
  • Комуникациска структура, а не интерпретација.

Практични вежби.

 Агенда

Дводневна обука од 09,00 до 17,00 часот, која вклучува 3 паузи дневно - едночасовна пауза за ручек и две паузи за кафе, кои траат 15-20 минути секоја.

 

 

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер