• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Системска Работа

 

Методот на Системска работа потекнува од работењето на Морено, Сатир, Наги, Хелингер и други. Системската работа го разгледува севкупниот систем, а особено скриената динамика на која се заснова тој систем, а која има огромен ефект врз системот. Оваа динамика може или да го поддржува системот или да го заплеткува.

Системот е целина составена од делови. Секој дел на системот е поврзан, или има сопствено влијание врз секој друг дел. Секоја компонента дејствува како дел од поголема целина. Потребите на системот во некоја смисла го диктираат изборот што го прави одделен дел. Компонентите на системот повеќе функционираат според нивната местоположба во поврзувањето отколку според нивната личност. Системот е жива материја која постојано се движи.

Една организација, на пример, е жив систем, исто како и едно семејството. Како член на организацијата или семејството, ние сме поврзани со другите членови. Оваа поврзаност е процес кој постојано се менува.  За секое дејство некаде во системот се јавува реакција, која пак има повратно влијание врз дејството. Системот го одржуваме во движење и во рамнотежа, колку што е можно повеќе.  Како член на системот, забележуваме кога системот не е во „ред“ и кога рамнотежата е нарушена. Потоа го придвижуваме системот со цел да се обидеме да ја обновиме рамнотежате во него.

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Системската работа се занимава со длабоко скриената динамика и несвесната основа која влијае врз изборот, однесувањето и резултатот. Ова се прави со цел да се открие невидливотo, да се обезбеди отворање кое овозможува донесување еден нов вид на јасност. Системската работа ги опфаќа односите на сите членови на системот, заплеткувањата кои ја блокираат слобода и растежот. Таа обезбедува информации од минатото кои значително влијаат на сегашноста. Од оваа перспектива, може да се најде објаснување за непознатите аспекти кои го одржуваат актуелен проблемот и да се укаже на патот кон негово разрешување.

Од една страна, системската работа дејствува на ниво на различни членови во системот, од друга страна пак, работи на ниво на семејството или организацијата како целина. Оваа целина, како систем, исто така е поврзана со поголеми системи како градови, земји, култури итн. На ниво на членови на системот, системската работа понекогаш се занимава со проблеми во семејството кои се манифестираат во надворешниот свет, или внатрешно кај членот на семејството. Проблемите исто така можат да се манифестираат и во организацијата во која членот на семејството работи.

Кога се справуваме со проблеми на ниво на организација, честопати станува збор за ситуација во системот и за степенот до кој подреденоста во скриената системска динамика е заплеткана, нарушена или блокирана. Ова може да предизвика различни компликации или раздразнетост.  Покрај тоа, може исто така да предизвика и поголеми проблеми кои не можат да се решат со едноставно решение, заради подлабоката скриена динамика на системот која се повторува сè додека тие не се решат.

Системската работа се изведува преку констелации.

ШТО Е СИСТЕМСКА КОНСТЕЛАЦИЈА?

Во секој систем, почнувајќи од семејството од кое што потекнуваме, постои природен ред и поредок. Кога природниот поредок ќе се наруши под влијание на надворешни сили, како што е на пример раната смрт, се појавуваат заплеткувања кои што може да опстојуваат и неколку генерации.

Овие заплеткувања се како ветрот, тие не се видливи, но нивното присуство се чувствува преку разни нарушувања и преку нивното влијание врз нашето тело и сетила.

Заплеткувањата во семејната динамика може да резултираат со тешкотии во односите помеѓу партнерите, родителите и децата, браќата и сестрите, односите со другите луѓе, колегите на работа и други важни врски. Тие исто така можат да придонесат за појава и на други потешкотии како што се зависности, болести и негативни обрасци на однесување кои се повторуваат во нашите животи.

Системската констелација е метод, пристап, применета филозофија, проучување на односите меѓу луѓето и корисна алатка за откривање и трансформирање на всадените обрасци на однесување, кои инаку се многу предизвикувачки за разбирање и менување:

Дава информации за тоа што се случило во минатото кое што во голeма мера влијае на сегашните случувања и можеме да најдеме решенија за непознатите аспекти кои го прават проблемот актуелен.

Ги изнесува вистинските прашања и скриеените динамики на виделина. Многу од технологиите кои се нудат во сферата организацискиот развој (ОР) се изградени врз претпоставка дека повратната информација е моќен начин на учење.  Знаеме дека со рагледување на автентичната, фактичка вистинска реалност може да дојдеме до придвижување.

Дава простор и слобода за донесување одлуки што ја менуваат ситуацијата.
Овозможува ослободување на енергијата која е заклучена заради невидливи динамики во семејството, организацијата или системот.

Нуди форма на повратна информација која ги заобиколува нормалните форми на одрекување, кои често постојат заради чувството на срам и води кон разбирање и заздравување на неспоредливо јасен, директен и ефикасен начин. Она за коешто можеби се потребни години коучинг или консултации за врските, може да се открие во текот на еден час работа со констелација.  Во врските кои се откриваат преку констелацијата, станува јасно дека секој од нас е дел на поголема целина, дека изборите кои ги правиме се на некој начин диктирани од потребите на системот.

Како учесник во системска констелација може да го изнесете вашиот случај или прашање, може да сте претставник или да сте набљудувач. Која улога и да ја заземете, ќе искусите како работат констелациите, ќе видите каков облик земаат проблемите и како се стекнуваат увиди.