• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Системски наспроти класичниот НЛП

 

Невро лингвистичкото програмирање – НЛП е наука која ја изучува структурата на субјективното доживување. Не е толку важно за што размислуваме, туку како ги креираме размислувањето и однесувањето и како тие дејствуваат врз нашата емотивна состојба.

Невро - се однесува на тоа како креираме mindset и во каква кондиција е нашиот ментален имунитет.

Лингвистичко - се однесува на тоа како го искажуваме внатрешниот свет во зборови. Јазикот не е доживувањето, туку само репрезентација на доживувањето. Може да зборувате на ист јазик и пак да не се разберете.

Програмирање - претставува збир на обрасци кои што го креираат однесувањето и ги подредуваат нашите акции за да ги постигнеме целите. Тие обрасци креираат програми во нашите невролошки системи. Дел од тие програми не ограничуваат, а дел не мотивираат да ги постигнеме нашите специфични и посакувани резултати.

НЛП ги поврзува процесите на размислување, однесување и дејствување кои се изразуваат преку вербалната и невербалната комуникација во различни аспекти од секојдневниот живот.

Како комуникациски модел, НЛП нуди алатки и вештини неопходни за развој низ работа на спознавање на сопствениот идентитет, дефинирање на цели и изградба на стретигии за нивно остварување.

Класичниот НЛП припаѓа на третата генерација од развојот на НЛП како наука и е повеќе бизнис ориентиран. Со примена на техниките од класичниот НЛП промените се случуваат на ментално поле.

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


За разлика од класичниот, Системскиот НЛП припаѓа на петтата генерација во развојот на НЛП како наука и претставува повеќе од збир на практични техники за подобар личен и професионален развој!

Системскиот НЛП е базиран на принципите на системскиот пристап и  методологија.

Индивидуата е дел од еден поголем систем во секаков вид на партнерство, семејство, тим, организација, во општеството.

Системскиот пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на групата, т.е. системот.

Сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме се испреплетени во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси.

Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.

Овие динамики пак не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.

Системскиот пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.

Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се основа на сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција.

Системскиот НЛП овозможува рамка за откривање на системските семејни динамики, кои се видливи преку однесувањето на индивидуата, нивно разрешување и разбирање, што всушност е од клучно знчење во креирањето на ефективни промени во секојдневниот живот.

А со примена на современтите алатки на Системскиот НЛП промените се едноставни и многу полесни.

Со идентификување на динамиките во семејниот или организацискиот систем, се менува фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, бидејќи со работа само на ниво на личност може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.

Промената на фокусот кон поширокиот систем пак овозможува подобро разбирање како функционира индивидуата во системот и самиот систем, семеен или организациски како целина, што ресултира во развивање на самосвесноста и емоционалната интелигенција.

Системскиот НЛП, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на тимска или организациска динамика, развивање на системска перспектива и разбирање на комплексните динамики во семејните и организациските системи, како и развивање на колективна перцепција и системско лидерство.

Вистинска промена се случува само доколку ги разбереме семејните и организациските поврзаности и динамики. Доколку не ја знаеме минатата структура  и не ја погледнеме индивидуата од една поширока димензија, тогаш никогаш нема да разбереме што е тоа што пробуваме да го смениме.

Системски наспроти класичниот НЛП

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *