• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

ИСТОРИЈА НА НЛП

 

НЛП е формирано од Франк Пучелик, гешталт терапевт и Ричард Бендлер, математичар и гешталт терапевт, со цел да создадат одличен модел за постигнување на максимални резултати од човековото постење. Подоцна им се приклучил и Џон Гриндер (лингвист).

Во “Структура на магијата I и II“ (1975-1976), Бандлер и Гриндер ги идентификувале вербалните и моделите на однесување на терапевтот Фриц Перлс (создавачот на гешталт терапијата) и Вирџинија Сатир (меѓународно реномиран семеен терапевт). Нивната следна работа се делата „Обрасци на хипнотичките техники на Милтон Х. Ериксон I и II“ (1975, 1976), при што ги проучувале вербалните и моделите на однесување на Милтон Ериксон, основач на Американското здружение за клиничка хипноза и еден од најшироко образуваните клинички успешни психијатри.

 

Како резултат на оваа работа, Гриндер и Бендлер ги формализирале горе наведените техники и своите индивидулани сознанија под името – невро – лингвистичко програмирање (НЛП), што всушност ја симболизира врската помеѓу мозокот, јазикот и телото. Основите на овој модел се опишани во серија на книги како, „Од жаби во принцови“ (Бендлер и Гриндер, 1979), „Невро-лингвистичкото програмирање I“ (Дилтс, Гриндер, Бендлер, Де Лозиер, 1980).

Низ годините, НЛП развива многу моќни алатки и вештини за комуникација и постигнување на трајни промени со широк спектар на примена на повеќе полиња како на пример: консалтинг, психотерапија, едукација, здравство, креативност, право, менаџмент, продажба, лидерство, родителство итн.

Во овој момент од неговиот развој НЛП бележи значителен напредок во споредба со неговите почетоци во средните 70-ти години од минатиот век. Низ годините НЛП буквално се шири насекаде низ светот допирајќи ги животите на милиони луѓе.

Почнувајќи од 1990-та година се развива новата генерација на НЛП, која создава генеративна и системска рамка и се фокусира на високи нивоа на предизвици како идентитет, визија и мисија. Повеќе детали за оваа нова генерација можат да бидат најдени во NLP II: “The Next Generation – Enriching the Study of Subjective Experience” (Дилтс, Де Лозиер, Бејкн и Дилтс).

НЛП е меѓународен, универзален пристап, распространет насекаде низ светот. Луѓето се поврзуваат едни со други на длабоко ниво. Ние сме различни во содржината на нашите искуства, мемории и култури, но сепак исти по нашата структура.