• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Ex utamur fierent tacimates duis choro an

Lorem ipsum dolor sit amet, ius minim gubergren ad. At mei sumo sonet audiam, ad mutat elitr platonem vix. Ne nisl idque fierent vix.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Политики за користење на системот за електронска трговија

Овие Услови за користење на системот за електронска трговија, заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап,  користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи нарачани преку нашата интернет продавница.

Со самиот пристап на интернет страницата www.nlpmacedonia.com и интернет продавницата trainingsandcoaching.com при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Ве молиме прочитајте ги овие Услови за користење на системот за електронска трговија внимателно.

Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови пред да можете да извршите нарачка за купување на производ/услуга од нашата интернет страница.

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија.

Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл.

Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци.

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ  не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ  ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување.

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка.

Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

  1. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ПОРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на порачката, плаќањето и испораката на производи/услуги порачани по електронски пат.

Порачка

Производите/услугите и нивните цени ќе бидат истакнати на нашата интернет страница.

Вие мора да додадете било кој од производите/услугите кои сакате да ги купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;

Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.

Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.

Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка.

Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;

Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање. Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од Стопанска Банка АД и во целост ќе биде процесирано од страна на овластено друштво за процесирање на онлајн плаќања.

Плаќање

Плаќањето за сите производи мора да се направи со следење на инструкциите на интернет страницата.

Плаќањето на производите може да го направите:

  • со кредитна/дебитна картичка или
  • врз основа на издадена фактура – при што нарачката ќе се реализира откако ние ќе добиеме потврда дека уплатените средства се пристигнати на нашата сметка.

За производите за кои ќе биде потребна испорака, дополнително на цените за производите, Вие ќе бидете задолжени и со плаќање на трошоците за испорака, што ќе биде истакнато одделно под цената за производот.

Испорака

Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведено во вашата нарачка.

Ние ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите во рок од 5-7 работни дена сметано од денот на извшената уплата на цената на чинење и трошоците за испорака

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

  1. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Центарот за бизнис психологија СИСТЕМСКА НЛП-ЈИЕ ДООЕЛ не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.