• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

СИСТЕМСКИ БИЗНИС НЛП КОУЧИНГ – Програма за индивидуален коучинг и лидерство

 

Дали знаете ЗОШТО го правите она што го правите?

Дали сакате да откриете и разјасните што е важно за вас?

Дали се чувствувате несигурни или презаситени и не сте сигурни за тоа како или од каде да започнете?

Дали  сакате  да  ги  проширите  вашите  професионални  вештини,  да  растете  и  да

напредувате во вашата професија?

Дали сакате да најдете решенија за прашањата со кои се соочувате на работното место?

Дали сакате да најдете начини да ги подобрите вашите работни перформанси? Подготвени сте да направите нешто поразлично, но не сте сигурни што е тоа „нешто“? Барате  промена,  поинаква  перспектива  или  имате  важни  цели  што  сакате  да  ги постигнете?

Или можеби сакате да откриете што е тоа што би направило огромна разлика во

вашиот живот ако работите на тоа?

Во денешното сложено опкружување, се повеќе луѓе се соочуваат со предизвици и прашања на кои бараат одговор.

Секоја  личност  има  толку  моќ  во  себе  што  треба  да  се  ослободи. Понекогаш  е потребна само малку возбуда, малку насока, малку поддршка, малку тренинг и може да се случат големи работи.

Коучингот е моќен пристап насочен кон наоѓање на решенија во процесот на помагање и   поддржување   на   поединецот   во   неговото   достигнување   на   сопствената извонредност.

Системскиот Коучинг е креативен, предизвикувачки и мотивирачки разговор кој води кон трансформација и лично и професионално себеостварување.

Системскиот Бизнис Ккоучинг е високо ориентиран кон резултати, промовирајќи развој на нови стратегии за размислување и делување кои се всушност спротивни на решавање проблеми и минати конфликти.

Во процесот на управување, многу е важно да се разбере што им предизвикувате на другите. Дали вашата комуникација и начинот на кој пренесувате информации доведуваат до посакуваните резултати?

 

СИСТЕМСКИ   БИЗНИС   КОУЧИНГ   –   Програма   за   индивидуален   коучинг   и лидерство  е  наменет  за  менаџерскиот  кадар  од  високо  и  највисоко  ниво  на управување и раководење.

Пакетот СИСТЕМСКИ БИЗНИС КОУЧИНГ – Програма за индивидуален коучинг и лидерство вклучува:

-    8 коучинг разговори со времетраење од 1,5 час, со професионален Бизнис Коуч,

-    Извештај со препораки за иден развој.

 

 Темите кои се разработуваат за време на 8 -те коучинг разговори се:

- 1-рв до 2-ор коучинг разговор      Лична обука за согледување на личните вредности, и верувања, како и лични потенцијали

- 3-ет до 4-рт коучинг разговор       Развивање  основни  професионални  вештини  за коучинг – како да го коучирате вашиот тим

- 5-ти до 6-ти коучинг разговор       Развивање  вештини  за  коучинг  на  тим  -  станете свесни за динамиката на групата и како да се справите со тимските проблеми и перформанси

- 7-ми до 8-ми коучинг разговор     Развивање лидерски вештини за да станете Свесен Лидер  -  како  да  водите  луѓе  со  харизма  и  да влијаете врз другите

 

Избраниот пакет може да го користи само едно лице.

Методологија на работа

- NLP техники

- Системски организациски коучинг техники

- Техники на динамика во организациските системи

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер