ШТО Е НЛП?
Невро лингвистичкото програмирање – НЛП, е наука која ја изучува структурата на субјективното доживување. Не е толку важно за што размислуваме, туку како ги креираме размислувањето и однесувањето и како тие дејствуваат врз нашата емотивна состојба. Реалноста се случува во нашата глава!
Невро – се однесува на тоа како креираме mindset и во каква кондиција е нашиот ментален имунитет.
Лингвистичко – се однесува на тоа како го искажуваме внатрешниот свет во зборови. Јазикот не е доживувањето, туку само репрезентација на доживувањето. Може да зборувате на ист јазик и пак да не се разберете.
Програмирање – претставува збир на обрасци кои што го креираат однесувањето и ги подредуваат нашите акции за да ги постигнеме целите. Тие обрасци креираат програми во нашите невролошки системи. Дел од тие програми не ограничуваат, а дел не мотивираат да ги постигнеме нашите специфични и посакувани резултати.
НЛП ги поврзува процесите на размислување, однесување и дејствување кои се изразуваат преку вербалната и невербалната комуникација во различни аспекти од секојдневниот живот.
Како комуникациски модел, НЛП нуди алатки и вештини неопходни за личен и професионален развој низ работа на спознавање на сопствениот идентитет, дефинирање на цели и изградба на стретигии за нивно остварување.
НЛП се однесува на себе-откривање, истражување на личниот идентитет, мисија и визија и како сето тоа влијае во околината во која што живеете и работите.
Откривајќи го сопствениот внатрешен свет преку моќните НЛП техники, вие доаѓате до сознание дека никој друг, освен самите вие, не е креатор на вашата реалност. Вие секогаш имате избор како да размислувате, како да се однесувате и како да се чувствувате.
Кои се придобивките од невро лингвистичкото програмирање?
Невро-Лингвистичко програмирање (НЛП) е исклучително моќен концепт. Според многумина индивидуалци и професионалци, практиканти на НЛП техниките, тој ги содржи најдостапните, најпозитивните и најкорисните аспекти на модерната психологија. На тој начин, НЛП-то, се користи во секој аспект на личните и меѓу-човечки односи.
НЛП е збир на техники што ви помагаат да се ослободите од бескорисни обрасци на размислување и однесување и да превземете нови, позитивни и конструктивни пристапи кон животот, што ќе ви донесат успех на секое поле, лично и професионално.
Со примената на НЛП техниките доаѓа до промена на верувањата и вредностите, го откривате својот личен идентитет, а мисијата и визијата не остануваат само запишани, туку и вистински се живеат.
НЛП користи голем број на практични техники кои што се лесно применливи во секојдневниот живот и нивната примена овоможува долгорочни промени.
Искуството на доживување на НЛП програмата, за многумина е искуство кое им го менува животот, а неговите техники нудат значителни предности на луѓето кои ги вршат поголемиот број функции во организациите.
Употребата на НЛП во личниот развој и во развојот на бизнисите и организациите ќе ви овозможи:
Да откриете што вистински сакате да постигнете и како да дојдете до тоа?
Да откриете што ќе ви значи доколку ги постигнете вашите цели? Колку ќе ве чини ментално, физички, материјално и енергетски, доколку не ги постигнете?
Да откриете што ве води напред? Кои вредности и верувања ве мотивираат, а кои ве ограничуваат?
Да откриете како да бидете успешни во животот и со тоа да бидете мотивација за себе и за другите?
Да стекнете одлични комуникациски вештини
Да станете и останете успешни во бизнисот и во личниот живот
Да ги подобрите своите резултати како лидер
Да изградите исклучително добар тим
Да ги промените правилата на игра или културата во вашата организација
Да го поминувате времето правејќи ги работите кои навистина сакате да ги правите
Да станете и останете поразлични
Невро лингвистичко програмирање е програма за позитивна промена, дизајнирана за трансформација на лично и професионално поле. Тоа е програма за личен развој која што ве предизвикува и мотивира да се надградувате и во професионалниот живот.
НЛП е патување на кое ќе ја откриете вашата мисија, вашиот вистински идентитет. Патување на кое ќе го откриете вашиот вистински потенцијал за да станете господар на вашата иднина.
Најважното прашање е: Колку сте подготвени да инвестирате во себе? Дали трошите време и пари или истите ги инвестирате во тоа што сакате да го постигнете? Кои се вашите изговори кои што ве одалечуваат од тоа што го сакате?