• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Што е Коучинг?

 

Коучингот како моќна алатка за постигнување на лични и професионални цели

Како да ги зголемите вашите перформанси и да бидете уште подобри во она што го работите?

Што е тоа што луѓето ги прави успешни и зошто некои успеваат а некои остануваат просечни?

Тајната е во начинот на кој се соочувате со предизвиците и како ситуациите во кои се наоѓате делуваат врз вас? Колку свесно делувате во одредена ситуација и колку свесно ги поставувате вашите лични и професионални цели?

Зголемувањето на самосвеста и емоционалната интелигенција се клучот до успехот. Како едноставно да се зголеми свеста и да се надвладеат емоциите?

Во светот веќе со децении коучингот е една од најбрзо растечките професии.

За постигнување на посакуваните резултати било во спортот, бизнисот или индивидуални цели, коучингот се користи како техника за да можете успешно да го искреирате вашето животно дело.

Тоа е методологија која користи разни техники за да ве инспирира и да ве мотивира успешно да ги постигнете вашите цели. Доколку сакате свесно да ја развивате и да ја водите вашата компанија во правец на успехот, коучингот може да биде професионална подршка.

Коучингот ги разработува трите најзначајни жи вотни прашања:

Кој сум јас?

Што можам?

Што сакам?

Доколку сакате да ги постигнете вашите професионални цели неспорно треба да започнете од истите животни прашања.

За да бидете среќни во она што го работите, важно за вас е да го откриете балансот помеѓу вашиот живот и вашиот карактер.

 

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Коучингот се ориентира кон балансирање на приватниот и деловниот живот, зголемување на самодовербата, справување со стрес, подобрување на комуникацијата, развивање на талентите, подобрување на релациите со другите луѓе, развивање на животна визија, поставување и остварување на предизвикувачки цели, како и во многу други значајни моменти од вашиот живот.

За кого е наменет коучингот?

Коучингот е корисна алатка за секој менаџер и лидер. Инвестирањето во коучирањето раководниот кадар за секоја компанија/организација е повратна инвестиција. По завршувањето на коучингот тие се подготвени уште поефикасно да ги менаџираат тимовите и поединците и со тоа заедно успешно да ги постигнуваат организациските цели.

Извршен директор

Дали сакате да бидете инспиративен лидер? Да ги кристализирате своите можности и избори? Кој е вашиот следен чекор? Дали успешно ги постигнувате поставените цели? Бидете мастер на вашиот сопствен развој и по­ раст.

Менаџер

Дали сакате да ги активирате своите квалитети? Креативно да ги извршувате вашите задачи? Да ја зголемите вашата ефективност а со тоа и ефективноста на вашиот тим? Да бидете инспиративен лидер?

Дипломат

Дали сакате да ги усовршите вашите дипломатски вештини? Да го збогатите вашето дипломатско однесување? Да го усовршите вашето невербално и вербално комуницирање?

Професионалец

Дали имате потреба од независен поглед на ситуацијата во која се наоѓате? Дали сакате да почувствувате повеќе самодоверба? Како да се справите со големиот број на обврски? Како да се мотивирате и со задоволство да ги извршувате работните обврски?

Лично

Дали сакате интензивна и инди видуална помош  при  барањето на ново работно место или кре ирање на свој бизнис? Дали сакате да зачекорите кон нов предизвик? Дали сакате да ги усовршите своите квалитети и таленти?

Освестувањето на свесните и несвесните процеси во секојдневната комуникација со самите себе и со другите околу нас, го прават овој коучинг уникатен. Излегувањето од зоната на комфорот може да биде најзначајниот дел од процесот на коучирањето. Резултатите се гарантирани и целите се остваруваат на многу едноставен и суптилен начин

Коучирањето е за уметниците на животот.

Бидете вие дизајнер на вашиот живот.

Не го сонувајте животот како што би сакале да го имате, туку живејте ги вашите соништа!