Системски НЛП Тим Билдинг
Legend
- Still to start
- Completed
Зошто е важно вашиот тим билдинг да биде со системски НЛП пристап?
Индивидуата/вработениот е дел од еден поголем систем во вид на партнерство, кое вклучува градење на врски, како: семејни врски, врски со општествената реалност и тимски врски во рамки на организацијата.
Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на поединецот, како и на групата, т.е. системот во кој што припаѓа.
Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓа вработениот.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.
Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.
Што прави системската динамика во организацискиот систем?
Овој практичен системски пристап беше развиен со цел да се префрли фокусот од поединецот кон поширокиот систем и од таа перспектива да се поддржи неговиот развој, лидерство и организациска виталност кај сите типови на системи, било да се лични или корпоративни.
Освен на лични, семејни системи, во голема мера сме посветени на работење на организациски системи, бидејќи таму се испреплетуваат различни системски динамики, кои се значајни за успехот на тимовите и на организацијата како целина.
Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција..
Симптомот може да се отстрани само со работа на личност; сепак, динамиката што припаѓа на системско ниво едноставно ќе се појави повторно и ќе се изрази во различен контекст.
Системската НЛП програма, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на тимска или организациска динамика.
Како овој системски НЛП пристап може да предизвика промени и раст во вашата организација?
Теми за развој на тимска работа и зајакнување на перформансите на тимот
ПРОГРАМИ за развој на тимска работа и зајакнување на перформансите на тимот
State Management
дизајнирана со цел воспоставување баланс помеѓу внатрешниот и надворешниот свет, чувство н спокојство и благосостојба и подигнување на свеста за сопствениот ментален, емотивен и физички имунитет. Оваа интерактивна програма ви нуди практични алатки за да постигнете лесно и едноставно , баланс помеѓу умот и телото, емоциите и рациото. Интерактивни теми и техники кои што ќе бидат разработени:
Развој на организациска култура, компетенции и лидерство
дизајнирана за постигнување на поголема свесност и контрола на самиот себе и влијанието на поединецот врз животната средина, како и подобрување на комуникациските вештини помеѓу различни групи, вмрежување и колективно дејствување. Интерактивни теми и техники што ќе бидат обработени:
Херојско патување
дизајниран за балансирање на надворешниот и внатрешниот свет, личниот и професионалниот живот, како и умот, телото и емоциите, освестување на процесот на мотивација и јакнење на личниот потенцијал, подобрување на комуникациските вештини помеѓу различни групи, значење на вмрежувањето и колективното дејствување, зајакнување на колективните вредности и создавање на организациска култура. Интерактивни теми и техники што ќе бидат обработени:
Јас како дел од организацијата како целина
дизајнирана за постигнување на чувството на припадност кон организацијата, подигање на свеста како член на тимот, зголемување на свесноста и одговорноста за личното однесување и неговото влијание врз организацискиот систем. Интерактивни теми и техники што ќе бидат обработени:
Какви резултати може да очекувате?
Времетраење и број на учесници
Системскиот НЛП Тим Билдинг кој ги вклучува горенаведените теми може да се организира или како еднодневна обука со опфат на најмногу до две теми од горенаведените, или како дводневна обука, со опфат на најмногу три теми од погоре наведените.
Системскиот НЛП Тим Билдинг што ги вклучува горенаведените програми се организира како дводневна обука.
Бројот на учесници може да биде максимум до 30 лица, без оглед дали се работи за еднодневен или дводневен настан.