• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Системски НЛП Стартер

 

НЛП Стартер - Два дена кои носат промена

 Направете нешто убаво и несекојдневно за себе! Бидете и вие дел од оваа прекрасна, светски призната НЛП програма.

НЕВРО ЛИНГВИСТИЧКО ПРОГРАМИРАЊЕ – НЛП

Акредитирана НЛП програма според светски признатата
Американска НЛП асоцијација – American Board of NLP – ABNLP.

Вашиот НЛП сертификат, издаден од Центарот за бизнис психологија, е признаен

и валиден во целиот свет!

НЛП Стартерот е несекојдневно патување кое секогаш ќе го паметите.
Уникатноста во оваа програма е вклучувањето на фамилијарните системи т.н. системската работа.

Центарот за бизнис психологија, е единствен центар на Балканот кој посветено го применува системскиот пристап.

Овој практичен системски пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.

Покрај работата на личните, семејни системи со огромна посветеност работиме и на организациските системи бидејќи во нив исто така се испреплетени различни системски динамики кои што се значајни за успехот на тимовите и организацијата во целина.

Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција.

Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.

Системската НЛП програма, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.

Зошто НЛП Стартерот носи промена?

За време на Стартерот откривате каде сте во моментов и што е тоа што сакате да го постигнете?

За да дојдете до целта потребно е да го освестите и осознаете начинот на кој што комуницирате со самите себе и како истиот се рефлектира во вашата околина.
Се започнува од тоа како реагираме на тоа што се случува во околината и какви акции превземаме.

Човекот функционира на четири полиња: Ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата.

Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.

Зошто е важно да ја прошириме нашата рамка со која што се набљудуваме себе си и светот околу нас и да погледнеме од една поширока, системска перспектива?

Со завршувањето на првиот модул ќе се запознаете со вашите фамилијарни динамики и како истите влијаат во вашето секојдневие.

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Зоран Паризов НЛП Мастер Практиционер


Патриша Конлон НЛП Мастер Тренер


НЛП Стартерот ќе Ви овозможи да го зајакнете Вашиот ментален имунитет и на тој начин да креирате баланс на полето на телото, енергијата и емоциите. Ќе бидете во можност да откриете дали припаѓате во тимот во кој што работите, дали се идентификувате со целите и мисијата на организацијата, дали припаѓате во самата нејзина поставеност и каква е поврзаноста на вашиот семеен систем со вашето однесување.

Невро лингвистичкото програмирање е наука за однесувањето која што ќе ви овозможи:
– Да откриете што вистински сакате да постигнете?

– Како да дојдете до тоа?

– Што ќе ви значи доколку го постигнете?

– Што ве води напред?

– Што ве мотивира?

– Како да бидете успешни во животот и со тоа да бидете мотивација за себе и за другите?

Колку сте спремни да инвестирате во себе? Дали парите и времето се вашите изговори кои што ве одалечуваат од тоа што сакате да го направите?

Невро лингвистичко програмирање е програма за позитивна промена, дизајнирана за трансформација на лично и професионално поле.

Ден 1: Стартер

Четирите човечки полиња

Модел на комуникација

Системски динамики

Историјатот за НЛП.

НЛП претпоставки

Интерпретација или структура?

НЛП е субјективно доживување

 

Ден 2: Стартер

Репрезентативни системи

Техника: Рапорт

Тест за репрезентативните системи.

Предикати
Што ни говорат очите?

Полето на телото. Што ви говори телото?

Техники на дишење