• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Зошто да инвестирате во луѓето?

Because people are business, and business is people!
Every team is a group of people. But not every group of people is a team.

Светските истражувања покажуваат дека повеќе не се доволни инвестирања во тренинзи за усовршување на способностите, зголемувањето на перформансите, продажни и комуникациски вештини и слично. Затоа секоја организација доколку сака долгорочен успех мора да инвестира во своите вработени, посебно во нивниот личен развој.

Практиката покажува дека современите бизниси, кои се стремат кон одржлив развој, инвестираат многу во личниот развој на вработените. Само оваа долгорочна инвестиција се покажа како поврат, бидејќи го мотивира развојот на лична, еколошка и системска свест на секој вработен.

Со инвестирање во личен развој на секој поединец кој што е дел од организацискиот систем, вработените се поттикнуваат да го развиваат свесното лидерство, т.е. личната одговорност за зголемување на колективната интелигенција на организацијата во целост.

Инвестирањето во личниот развој на вработените може да се одвива на неколку нивоа:

Околина – Креирање на свесност за одржување на опкружувањето во кое што се работи и свесност за системската поврзаност на сите вработени и тимови. На ова ниво инвестирањето се однесува и на креирање на чиста и хармонична работна средина.

Однесување – Однесувањето е тоа што го гледаме. Затоа е важно секој вработен да биде свесен за тоа што предизвикува со своето однесување. Каква култура на однесување сакате да креирате во вашата организација?

Способности – Секогаш може подобро и секогаш може да се научи нешто ново. Поттикнувањето на љубопитноста, желбата за растеж, како и способноста за иновативно и креативно размислување е од непроценливо значење.

Верувања и вредности – Вредностите се тие кои што може да ве мотивираат или ограничуваат. Истите влијаат врз способностите и однесувањето. Организациските и личните верувања и вредности можат да бидат сосема различни, но нивното спознавањето може да предизвика многу позитивни промени.

Идентитет ­– Инвестирањето во личниот развој на вработените поттикнува свесност за нивната улога во организацијата и желба да придонесат во нејзиниот развој и успех.

Колективност - Зголемување на колективната, системска интелигенција води кон промена на организациската култура и влијае на околината, однесувањето, способностите, верувањата и вредности, како и на идентитетот на организацијата во целост.

 

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Доколку во една организација вистински се сака да се направат долгорочни промени, важно е да се обучат луѓето на клучни позиции, кои што понатака ќе ги едуцираат своите вработени, најпрво преку личен пример, а потоа преку разни техники и алатки.
Современиот менаџер е - People developer!

Организацијата ќе напредува само доколку луѓето напредуваат лично. За да се случи тоа потребна е инвестиција на време, пари и енергија во развивање на свесни лидери.
Се додека организацијата овие 3 сегменти ги гледа како трошок, тогаш истата не е насочена кон растеж и развој на луѓе кои што заедно ќе се насочат кон успех, туку кон материјален успех кој што не е доволен за стабилност на човечкиот фактор во организацијата.

Балансот помеѓу хиерархиското лидерство и свесното лидерство е клучен за здравјето на една организација. Секако дека се важни целите, завршување на зададените задачи, делегирањето, размената на информации, донесувањето на одлуки и профитот. Сепак, без свесност за поврзаноста, транспарентноста, вклучувањето на луѓето во процесот на креативност и иновативност, системската перцепција и развојот на луѓето, организацијата не може да очекува мотивирани луѓе кои што ќе се чувствуваат како дел од организацискиот систем.

Сè повеќе организации ширум светот се движат од хиерархискиот систем за управување кон системт за раст. Од ЕГО кон ЕКО лидер!

Социјално одговорните компании, со развиена системска свест, го надминаа создавањето на его-лидери и се насочија кон Свесни лидери.

ПРИДОБИВКИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

  • ќе научат ефективна комуникација;
  • ќе осознаат за повеќе неограничени можности кај себе и кај другите;
  • ќе научат да водат по пример;
  • ќе научат ефективни начини за промена на однесувањето и емоционалната трансформација;
  • ќе научат оптимално да ги користат расположливи капацитети;
  • ќе развијат вештини за идентификување и справување со конфликтни ситуации и предизвици;
  • ќе научат техники за вопоставување равнотежа помеѓу теолото, умоѕ и емоционалните процеси;
  • ќе откријат длабоки несвесни вредности и ќе можат да ги препознаат вредностите кај другите со цел да го мотивираат вистинскиот потенцијал кај секој поединец;
    • ќе научат техника за одржување на организацискиот систем во тимови со фокусирање на верувања и вредности, а не на однесување, за полесно идентификување на организациските и индивидуалните јаки страни;
    • ќе креираат свесност за организациска системска врска и согледување на мотивацијата за зголемување на професионалниот ангажман, посветеност и лојалност;
    • ќе ја зајакнат способноста да се префрлat во системска перспектива и да се фокусираat на решение, итн