• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

ОБЛАСТИ НА ПРИМЕНА

 

НЛП е корисен во секојдневниот живот. Истовремено пронаоѓа примена во приватниот и професионалниот живот и овозможува значително подобрување на односите со луѓето со кои соработувате и живеете, со вашиот партнер, со вашите деца и пријатели.

Сепак, најголемата примена и успех го доживува во работната комуникација.

Одредени професии се најподложни на потребата од користење на НЛП вештини и техники, особено во оние каде инензивно се работи со луѓе, клиенти, колеги или соработници. Но, исто така и во приватниот живот ја олеснува комуникацијата, пред сѐ со себе си, а со тоа и комуникацијата со другите.

  • Продажба

Една од најчестите примени на НЛП е во продажбата.

Она кое што го гледате како фасцинанта продажба кај многу продавачи и трговци, всушност е НЛП. Што е тоа што ги прави успешни? Како нивните врски со нивните клиенти се поуспешни подолготрајни од оние на другите?

Како еден од врвните примери за успешни продавачи е Брајан Трејси кој всушност е и НЛП тренер.

  • Менаџмент

Во големите системи и корпорации успешното управување и координирање со луѓето е клучно. Ако сте искусен менаџер, НЛП може да ви ги прошири видиците за луѓето. Ќе научите нови методи за да ги откриете нивните чувства и што е тоа што нив ги мотивира, кои се нивните цели. На тој начин ќе ги подобрите меѓучовечките односи помеѓу вас и вработените, како и помеѓу нив, подобрувајќи ја нивната ефикасност, а со тоа и ефикасноста и успешноста на компанијата.

  • Преговарање

Одамна владее тврдењето дека успешноста на одличните преговарачи се базира на талент и дека таквите луѓе се ретки. Всушност, тоа се само луѓе кои низ животот природно го научиле НЛП. Денес, благодарение на НЛП, осознаена е суштината на нивното однесување, така што врвноста во преговарањето може да се научи како способност со помош на НЛП.

  • Презентација

Малкумина презентери успеваат до крај да го задржат вниманието на својата публика и при тоа да í пренесат знаење и информација, дури и да се работи за тешка материја. Разликата од останатите презентери се состои во начинот на презентирање, со внимателно набљудување на групата и нејзината динамика, како и следењето и управувањето со несвесните процеси на групата и поединците. Сето тоа лесно се учи со НЛП.

  • Образование

Со помош на НЛП техниките, едукаторите, наставниците и професорите учат техники како најдобро да го презентираат знаењето кое што треба да биде пренесено на нивните ученици и студенти. Препознавајќи ги сетилата со кои нивните ученици ги примаат информациите, тие ја прилагодуваат својата форма на пренос на информацијата, со што стануваат одлични едукатори чиj резултат се успешни студенти и ученици.

  • Психотерапија

Почетоците на НЛП биле токму фокусирани на проучувањето што всушност прават успешните психотерапевти. Во НЛП психотерапијата не го истражува изворот, туку ја проучува сегашната состојба и бара модели со чија што поддршка таа состојба може да се промени, сегако со помош на програмирањето.

  • Човечки ресурси

Потрагата по идеални луѓе за организациите претставува предизвик. Предизвик е да се препознаат личности кои што точно одговараат за позицијата за која аплицирале, препознавајќи ја нивната мапа на светот, нивните вредности и верувања и што точно тие сакаат да постигнат, а со тоа и да постигнат за компанијата.

  • Спорт

НЛП има многу техники кои се насочени кон внатрешниот свет и разговорот сами со себе. Голем број познати спортисти, особено во индивидуалните спротови како што е тенисот и атлетиката, применуваат НЛП техники за да ги пребродат кризите во клучните моменти со цел да го постигнат својот врвен резултат.

  • Здравство

Работата со пациентите, независно за кој аспект од здравството се работи, т.е. социјалната медицина е од големо значење. Добриот рапорт со пациентите, смиреноста во тешките ситуации може да бидат пресудни во моменти на спасување на човечки живот, како и за разбирање на состојбата на пациентите и нивно мотивирање и кревање на вољата како докажан дел од процесот на оздравување.