Системска NLP Master Practitioner Програма
Legend
- Still to start
- Completed
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ЈА ЖИВЕЕТЕ ВАШАТА МИСИЈА Системската NLP Master Practitioner Програма е патување на кое веќе почнувате да ја живеете вашата мисија, вашата автентичност и индивидуалност. Патување на кое ќе го освестите вашиот целосен потенцијал за да го живеете тоа што го сонувате. Кога логиката се среќава со магијата и кога силата на вашиот ум се обединува со мудроста на вашето срце - тогаш вистински сѐ е возможно! Системската NLP Master Practitioner програма е дизајнирана за вашите соништа и желби да станат реалност. Системската NLP Master Practitioner програма е програма за мајсторството - мајсторство на нови моќни техники кои што доаѓаат од модерниот Системски Коучинг и веќе познатите и светски признати НЛП Мастер техники. Системската NLP Master Practitioner програма е интензивна и фасцинантна програма која што ќе ви донесе поголема самосвесност, креативно размислување, агилност, извонредност, mindfulness и уште многу други способности и вредности. Најмногу од сѐ, ќе ја развиете вашата системска перцепција, што ќе ви овозможи проширување на рамката на гледање и дожувување на предизвиците, односно умешност да се гледа поголемата слика. Истата ќе ви овозможи поедноставен начин за водење на тимови и процеси. Моќните TimeLine® техники ќе ви овозможат да ја погледнете структурата на сопствениот живот за промена на начинот на дожувување на сите претходни случувања, искуства, убедувања и верувања, за свесно да ја креирате вашата понатамошна временска линија. Покрај класичните TimeLine® техники, ќе доживеете извонредно искуство со уникатно креирана вежба - Systemic TimeLine; Преку уникатниот модул за Соматска интелигенција ќе се стекнете со практични вештини за менаџирање на вашата состојба, емоции и енергија. Ова секако е многу корисно и во вашето професионално опкружување, бидејќи ќе им овозможите на вашите соработници полесно да ги менаџираат нивното времето, енергијата и емоциите. Со впечатливите Мета програми ќе ги откриете вашите внатрешни движечки процеси базирани на личните и семејните вредности. Тие се и одлична алатка за профилирање во менаџирање со луѓето во вашиот професионален живот. Моделирањето претставува импресивна техника со која ќе ги откриете вашите стратегии на однесување и комуникација и со тоа ќе се стекнете и ќе формулирате нови. Новиот начин како да се презентирате себе си во било кое опкружување ќе биде одлучувачки фактор за поттикнување на сопствените лидерски способности, станувајќи притоа харизматичен лидер ОВАА ИСКЛУЧИТЕЛНА програма е развиена и креирана од Марина Анчевска, единствен меѓународен НЛП Мастер Тренер, сертифициран од НЛП Универзитетот во САД, и истата нуди комбинација на техники, инструкции, демонстрација, дискусија, моделирање и интерактивна примена на системските НЛП техники. Програмата е пропратена материјали од врвен квалитет, вежби за време и помеѓу модулите и искуствено учење. ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА ПРОГРАМА Добивате 3-во-1: Добивате и ДВА СЕРТИФИКАТИ: Дополнително да потенцираме дека - Системската NLP Master Practitioner Програма опфаќа: ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ Содржина на програмата: Модул 1: Стратегии на свесен лидер. Модул 2: Верувања и вредности. Модул 3: Мета програми. Модул 4: Соматска интелигенција - ексклузивен и уникатен дел од оваа програма, кој што се обработува само во Центарот за Бизнис Психологија. Модул 5: Time Line. Модул 6: Организациски системи и коучинг - цели, мисија, визија, духовност – Од ЕГО до ЕКО лидер! Модул 7: Свесно лидерство. Финален Ден: Презентирање на вашето НЛП знаење и доделување на вашиот акредитиран НЛП сертификат! ВРЕМЕТРАЕЊЕ Системската NLP Master Practitioner програма трае 18 дена од кои: Програмата се одвива во период од 8-9 месеци. Модулите се организираат во временско растојание од 4-5 седмици помеѓу модулите. ПОВЕЌЕ МОДУСИ ЗА ПЛАЌАЊЕ СО МНОГУ ПОВОЛНОСТИ !!!! Повеќе информации, регистрација и резервација на:Системска NLP Master Practitioner Програма
- СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА!
- ПЛАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ РАТИ!
- ОДЛИЧНА СТИПЕНДИЈА за студенти!
- ИСКЛУЧИТЕЛНО ПОВОЛНИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ за учество на 2 и повеќе лица од иста компанија!
contact@nlpmacedonia.com
+389 78402762ТРЕНЕРИ И КОУЧИ
Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер
Зоран Паризов НЛП Мастер Практиционер
Патриша Конлон НЛП Мастер Тренер