• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Марина Анчевска
Сопственик и Извршен Директор на Центарот за Бизниз Психологија, Системски и НЛП, Југоисточна Европа

 

Прв НЛП Мастер Тренер во регионот на Југоисточна Европа сертифицирана од најреномираниот НЛП универзитет во Америка, директно од неговите основачи, Robert Dilts и Judith DeLozier

Меѓународно признат НЛП Мастер Тренер со единствен стил на обука, инспирирајќи и охрабрувајќи ги луѓето да направат долготрајни промени во нивниот професионален и личен живот.

Бизнис и личен коуч кој нуди единствена комбинација на методи и техники за оснажување на потенцијалот и ангажирање на луѓето за подобрување на перформансите, за учење и раст со цел постигнување на предизвикувачки цели за личен развој и агенди за деловно работење, за таргетирање на потенцијалот на поединците за подобро достигнување на целите на компанијата и за обезбедување вистинско подобрување во однесувањето на поединците, сите засновани на долгорочно искуство и на меѓународно ниво и во Македонија.

Конференциски и мотивациски говорник со посебен идентитет, со уникатна способност да ги едуцира, инспирира, просветлува и занимава присутните и со очевидна појава за автентично освојување на срцата и умовите на луѓето.

Креатор на специфични индивидуални и професионални програми – Херојско патување® и Управување со енергија®

Писател, инфлуенсер и коуч за промени за индивидуалци на лично и професионално поле

ТВ и радио говорник и автор на статии во списанија и национални весници кои опфаќаат интересни теми за инвестирање во личен и професионален развој.

 

Во 2017 година ја објави првата книга за личен развој во Македонија, напишана од македонски автор – книгата под наслов „Едноставно јас“.

Основач на меѓународна платформа за обуки и обучувачи – www.trainings4all.com.

Основач на меѓународен You Tube канал за Свесно Лидерство –

https://www.youtube.com/channel/UCev5iwhhRgEni-Ota1xnlRA.