Системски НЛП Стартер Во Живо

Не пропуштајте!

 Eдинствена можност да започнете несекојдневно патување од вашиот дом.

За прв пат во Македонија, Центарот за Бизнис Психологија, Системски & НЛП, ЈИЕ организира уникатен настан – Системски НЛП Стартер во живо, настан на кој можете да учествувате од удобноста на вашиот дом.

Системскиот НЛП Стартер е првиот модул од светски признатата Системска NLP Practitioner програма, акредитирана од страна на American Board of NLP (ABNLP).

Уникатноста на оваа програма е во примената на системската работа и системскиот пристап. Центарот за бизнис психологија, Системски & НЛП, ЈИЕ е единствениот центар на Балканот кој посветено го применува таквиот пристап.

Приклучете се и ќе бидете во можност да развиете подобра комуникацијата со луѓето кои Ве опкружуваат во приватниот живот и во бизнисот и на тој начин да ја креирате насоката кон која сакате да се движите во комплексното окружување во кое сите припаѓаме.
Приклучете се и креираjте трајни и позитивни промени за Вас и луѓето околу Вас.

Можностите се насекаде околу Вас, одберете ги вистинските!

Teрмини на одржување:
13 април 2020 15 април 2020
20 април 2020 22 април 2020
27 април 2020 29 април 2020

Време на одржување: 17:00 – 19:00 часот

Опции за учество:
Мал пакет – котизацијата 8,700 денари со вклучен ДДВ за учество 6 дво-часовни интерактивни предавања
Голем пакет – котизација 12,400 денари со вклучен ДДВ за учество на 6 дво-часовни интерактивни предавања и индивидуален коучинг разговор во траење од час и половина.

Секој учесник по извршената пријава со точна информација за одбраниот пакет ќе добие фактура и по извршената уплата на котизацијата ќе добие кодиран линк со кој може да се приклучи за учество на настанот.

За одбран голем пакет со извршено плаќање на соодветната котизација, терминот за индвидуалниот коучинг разговор ќе биде договорен дополнително помеѓу учесникот и тренерот.

Ваш тренер – Марина Анчевска, Прв НЛП Мастер Тренер, бизнис и лајфстајл коуч, трансформациски претприемач, мотиватор, јога учител, холистички терапевт и писател.

Пријавете го вашето учество на 078 402762 или contact@centerbpsee.com.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ.

https://www.facebook.com/events/506358630275200/?event_time_id=506358640275199

https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6649021398738063360