• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Сања Бошковска
Офис Менаџер

 

Високомотивирана личност за организација, менаџмент, маркетинг, координација на активности и човечки ресурси, како и за континуирана едукација за личен раст и развој.

Во полето на административна работа, организација, менаџмент и маркетинг има работно искуство над 9 години. Се истакнува со способности како комуникациски и пишани вештини, тимска работа, индивидуална работа со рокови, иновативност и креативност во извршувањето на секојдневните активности.

Има завршено високо образование, магистратура по деловни и организациони науки – менаџмент. Моментално е студент на Факултет по општа психологија. Истовремено, се едуцира за програмата Системска NLP Practitioner 2.0 во Центарот за Бизнис Психологија каде што и работи.

Нејзиното мото гласи: животот исполнет со смисла и радост во секој момент е вреден за живеење. Секој човек во секое време може да се промени и да го подобри квалитетот на својот живот доколку навистина тоа го сака и е подготвен за едукација.