• 102G, Stiv Naumov Street, 1000 Skopje
  • +389 (0)78 402 762

Системски Тимски и Организациски Коучинг

Индивидуата/вработениот е дел од еден поголем систем во вид на партнерство, семејство, тим, организација, во општеството.

Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на поединецот, како и на групата, т.е. системот во кој што припаѓа.

Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме. Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци, т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето. Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.

Sистемски пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.

Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција. Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.

Системската НЛП програма, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.

 

Системскиот пристап е високо ориентиран кон резултати, промовирајќи развој на нови стратегии за размислување и постапување што се всушност спротивни на решавање проблеми и минати судири. Насочен е кон проширување на рамката на поединецот за согледување на организацијата.

Придонесува секоја личност да се чувствува дел од големата слика и истовремено да го поседува процесот во кој учествува. Одржувањето на тимската кохезија и организацискиот систем е резултат на фактот дека сопственоста и припадноста влијаат врз одговорноста. Сето ова резултира во усогласување на личните и организационите цели на секој професионалец, што доведува до постигнување успех.

ТРЕНЕРИ И КОУЧИ

Марина Анчевска НЛП Мастер Тренер


Системскиот тимски коучинг е процес со кој тимскиот коуч работи во партнерство со целиот тим, и кога се заедно и кога се одвоени, со цел да им помогне и да ги подобрат своите колективни перформанси и како тие работат заедно, а исто така и како го развиваат колективното раководство за поефикасна соработка со сите нивни групи на чинители за заедничка трансформација на поширокиот бизнис и ко-создавање вредност за сите нивни чинители.

 Системскиот тимски коучинг е вистинско партнерство и тој е дизајниран за работа со тимови за постигнување трајни промени. Системскиот тимски коучинг се состои во помагање на тимовите да ги променат своите колективни процеси или обрасци наместо да ги менуваат индивидуалните толкувања на улогите, додека целината продолжува да ја изведува истата претстава.

Во Системскиот тимски коучинг, системот или тимот се перцепираат и адресираат како една унитарна и кохерентна клиент целина.

Системскиот тимски коучинг прво не се фокусира на индивидуалните придонеси кон поголемиот систем. Системскиот тимски коучинг прво помага во заедничко развивање на оперативните процеси на поголем систем во рамките на кои секоја од поединците постепено ќе научи да придонесува.

Исто така, во спортот, секој тим ќе стане многу поуспешен кога сите членови на тимот ќе развијат многу висока компетентност за поврзување, или капацитет многу ефикасно да ја додаваат топката едни на други.

Системскиот тимски коучинг истовремено ги засега сите вработени кои се подредени кај ист раководител или менаџер.

Системскиот тимски коучинг се фокусира на внатрешните процеси на тимот или на обрасците што се одвиваат помеѓу членовите на тимот.

Системскиот организациски коучинг се однесува на следниот поголем поредок на комплексноста на професионалниот систем.

Системскиот организациски коучинг истовремено ги загрижува повеќе луѓе, доколку тие сите потекнуваат од истиот формален колективен систем и претставуваат неколку слоеви на одговорност, организирани во структурирани под-системи, како што се мрежи или тимови.

Системскиот организациски коучинг подразбира коучинг на целата организациска динамика која ја создава организациската култура и се изведува во подолг временски период.

Системскиот организациски коучинг им помага на тимовите да се фокусираат на развој на нивното меѓусистемско вмрежување.

Системскиот тимски коучинг и Системскиот организациски коучинг се насочени кон разбирање на процесите што се одвиваат во рамките на тимовите и организацијата како целина, ги прифаќаат корисните и ги модифицираат оние процеси кои што на крајот би можеле да имаат попозитивен ефект врз нивното колективно здравје и резултати.

Системски Тимски и Организациски Коучинг

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *