ПРВА ПРОФЕСИОНАЛНА КОУЧИНГ ЕДУКАЦИЈА СО СИСТЕМСКИ ПРИСТАП

📢 Доживејте трансформација во начинот на кој се поврзувате и работите со другите луѓе – помагајќи им да зајакнат и да станат креативни, снаодливи и способни да најдат одговори на нивните предизвици.

✨ СО ЗАДОВОЛСТВО ЈА НАЈАВУВАМЕ ПРВАТА ПРОФЕСИОНАЛНА КОУЧИНГ ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!!!✨

💲 ПРОМОТИВНА ЦЕНА за првата група!

⁉ Побарајте повеќе информации на:
078-402762
contact@centerbpsee.com

🍀 Интензивнa и уникатна 5-месечна професионална коучинг едукација дизајнирана да се здобиете со искуство како да коучирате и водите други со леснотија и доверба, во секоја ситуација и за која било тема.

🍀 Со оваа професионална едукација се стекнувате со знаења за нов начин на комуникација кој што може да го трансформира животот, тимот, организацијата – дури и вашето семејство.

🍀 Преку интерактивен и искуствен начин на учење, практични индивидуални и групни вежби ќе научите вештини и техники со кои што ќе станете способни да го извлечете најдоброто од луѓето и да им помогнете да го постигнат својот потенцијал за да станат подобра верзија од себе.

👉 Оваа професионална едукација е наменета за:
– За лидери, менаџери, раководители на човечки ресурси, тим лидери, професионалци кои работат со луѓе, кои сакаат да ги надградат сопствените лидерски способности и да креираат одржливи промени,
– За оние кои сакаат да станат коучи во рамки на компанијата во која се вработени, како дел од нивниот кариерен развој,
– За оние кои веќе работат како коучи и сакаат да го продлабочат и збогатат своето знаење,
– За оние кои размислуваат да започнат професионално да се занимаваат со Коучинг како дополнителен кариерен ангажман.

👉 Придобивки:
✔ Унапредување на ефективноста на комуникацијата;
✔ Откривање и искористување на своите и потенцијалите на другите;
✔ Учење на ефективни начини за промена на однесувањето, емоционална трансформација и справување со стрес;
✔ Развивање вештини за идентификување и справување со конфликтни ситуации, промени и предизвици;
✔ Практични техники за воспоставување на рамнотежа помеѓу телото, умот и емоционалните процеси;
✔ Практични техники за поврзување со вашите клиенти, членови на тим и колеги на начини кои ја негуваат довербата, го катализираат самооткривањето, го подобруваат увидот и го инспирираат движењето во храбра акција,
✔ Техники за задржување на фокус на верувањата и вредностите наместо на однесувањето, со цел зајакнување на одговорноста, задржување на тимската кохезија и организацискиот систем;
✔ Вештини за зголемување и забрзување на потенцијалот за постигнување целите на тимот со откривање на способностите и талентите на луѓето, овозможувајќи им да бидат проактивни и помалку зависни,
✔ Освестување на моќта на личното лидерство и влијанието врз другите,
✔ Креирање свесност за организациска системска врска и согледување на мотивацијата за зголемување на професионалниот ангажман, посветеност и лојалност, за зголемување на задоволството на вработените и нивно задржување,
✔ Креирање на организациска култура која поддржува професионален раст и развој, опфаќа иновации, нови решенија и ментална агилност.

👨‍🎓 Оваа интензивнa и уникатна 5-месечна професионална коучинг едукација е креирана и водена од Марина Анчевска, меѓународно сертифициран Коуч, бизнис и личен коуч, меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Мастер Тренер, со повеќе од 17 години искуство и реализирани повеќе од 8000 часови коучинг за поединци, менаџери и извршни директори, тимови и компании.

Од аспект на практичната примена на коучингот во бизнисот и секојдневното работење, свој професионален придонес ќе дадат и два еминентни гости предавачи.

📢 Професионалната коучинг едукација се состои од 46 часа теоретски дел, практичен дел и практичен испит.

👉 Теоретски дел:
✔ Осум Master Classes со предавања и интерактивни вежби со времетраење од 4 часа по Master Class,
✔ Два Бонус Master Classes со предавања и интерактивни вежби со времетраење од 4 часа по Master Class,

👉 Практичен дел:
✔Две сесии со практични вежби, прашања и одговори со времетраење од 3 часа по сесија.

Термините за секој Master Class почнуваат од 14.00 часот и траат до 18.00 часот, а термините за секоја Сесија за прашања и одговори почнуваат во 15.00 часот и траат до 18.00 часот.

Бројот на учесници е ограничен на максимум 9 лица имајќи ги во предвид воведените здравствени мерки и протоколи во врска со пандемијата CoVID 19.

Побарајте повеќе информации на:
078-402762
contact@centerbpsee.com