Нов Системски НЛП Стартер во вашиот дом

 

✔✔ Повторно успешно организираме Системски НЛП стартер онлајн. Ви благодариме за довербата!

👌 Уникатноста е во тоа што нашиот Системски НЛП стартер нема снимени предавања туку 12 часа директно и интерактивно сте поврзани со вашиот НЛП Мастер тренер, Марина Анчевска.
(Бизнис и лајфстајл коуч од 2003 година, трансформациски претприемач, мотиватор, јога учител, холистички терапевт и писател).

💚 Системскиот НЛП има душа и свесни сме дека целосно не може да се пренесе дигитално. Сепак интерактивно пренесените техники ќе можете веднаш практично да ги примените.

🌍 Светот минува низ огромна промена во моментов. Она што многумина го нарекуваат криза, истовремено е и извонредна можност! Не е важно што ќе ви земат. Важно е што ќе направите со тоа што ќе ви остане!

👉 Токму сега е моментот да зачекорите во новиот свет и да креирате нешто поразлично, бидејќи ова време бара нови способности, верувања и вредности.

🍀 Системскиот НЛП е многу повеќе од техника за комуникација, за поставување на цели или за подобрување на личниот и професионалниот живот!

👉 ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ:

• Преку холистичкиот модел на промена лесно ќе можете да го управувате вашето однесување;
• Ќе откриете кој дел од мозокот го управува вашиот живот и како можете свесно да влијаете на истиот;
• Комплетна анализа на вашиот семеен систем и динамиките на истиот кои што го креираат вашето однесување;
• Преку моделот на комуникација и тестот за вашите репрезентативни системи ќе осознаете како да ја прилагодите вашата комуникација за да бидете јасен, влијетелен и харизматичен комуникатор;
• Ќе научите едноставни техники кои што ќе ви овозможат лесно и едноставно да управувате со вашите емоции;
• И уште нешто во 12 интерактивни работни часови!

🌍 СИСТЕМСКИ НЛП СТАРТЕР
Системскиот НЛП Стартер е првиот модул од светски признатата Системска NLP Practitioner програма, акредитирана од страна на American Board of NLP (ABNLP).
Уникатноста на оваа програма е во примената на системската работа и системскиот пристап. Центарот за бизнис психологија, Системски & НЛП, ЈИЕ е единствениот центар на Балканот кој посветено го применува таквиот пристап.

Резервирајте ги датумите.
📆 19 мај 2020   📆 21 мај 2020
📆 26 мај 2020   📆 28 мај 2020
📆 02 јуни 2020 📆 04 јуни 2020

⏰ Термините за сите денови се од 18 до 20 часот:

👍 Опции за учество:
– Мал пакет – котизацијата 8,700 денари со вклучен ДДВ за учество 6 дво-часовни интерактивни предавања,

– Голем пакет – котизација 12,400 денари со вклучен ДДВ за учество на 6 дво-часовни интерактивни предавања и индивидуален коучинг разговор во траење од час и половина.

Секој учесник по извршената пријава со точна информација за одбраниот пакет ќе добие фактура и по извршената уплата на котизацијата ќе добие кодиран линк со кој може да се приклучи за учество на настанот.

За одбран голем пакет со извршено плаќање на соодветната котизација, терминот за индвидуалниот коучинг разговор ќе биде договорен дополнително помеѓу учесникот и тренерот.

Побарајте повеќе информации на 078 402762 или на маил
contact@centerbpsee.com