Серијал веб-семинари Ask Your Coach!

Во изминатиот период светот минува низ огромна промена. Во овие моменти кога се соочуваме со предизвици ја согледуваме важноста на човечкиот капитал.

Инвестирањето во личниот развој на вработените како дел од организацискиот систем, резултира во развој на нивното свесното лидерство, т.е. личната одговорност за зголемување на колективната интелигенција на организацијата во целост.

Социјално одговорните компании, кои имаат развиена системска свест го надминаа создавањето на его-лидери и се насочија кон Свесни лидери, бидејќи свесните лидери се People Developer.

Таквите компании веќе подолг период во голема мера инвестираат во сопствениот човечки капитал, во сопствените вработени.

И таквите компании полесно се справуваат со предизвиците со кои што се соочуваат во овој период на промени.

Ја продолжуваме понатаму нашата успешна соработка со А1 Македонија, овој пат во форма на веб семинари – серијал под наслов Ask Your Coach,  кој почнува на 04 јуни 2020 година

Ги повикуваме сите комании да следат вакви успешни примери и да инвестираат во сопствените вработени, бидејќи вложувањето во развој на вработените не е трошок, туку инвестиција.