Интерактивна Webinar работилница Системски НЛП и Коучинг

👉 Нашето однесување е резултат на нашите верувања, вредности, искуства, одлуки, сеќавања и уште многу други програми, семејни обрасци и динамики кои што влијаат на начинот на кој што дејствуваме, донесуваме одлуки, правиме избори и ја креираме нашата реалност. Затоа не е доволно да се работи само на промена на однесувањето.

🌍 Системскиот НЛП ги открива и свесните и несвесните компоненти на однесувањето за да можете да го елиминирате она што не функционира, и да го замените сопоефективни стратегии за успех. Бидејќи сè во животот е
серија на свесни и несвесни чекори, ова едноставно знаење, кое кога ќе го научите и користите ефикасно, може датрансформира сè во вашиот живот.

🍀 Системскиот коучинг има за цел да го смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.

🎓 Дознајте повеќе на Интерактивната работилница насловена Системски НЛП и Коучинг.
Работилницата се организира како WEBINAR.

📆 Резервијате го датумот – 23 јуни 2020
Времетраење – 18,00 – 20,00 часот

💲 Котизација за учество – 500 денари.
Плаќање на сметка 200001647621719, Стопанска Банка АД Скопје

✌️ Секој учесник по извршеното плаќање и доставена информација со име и презиме и адреса на живеење, ќе добие кодиран линк со кој може да се приклучи за учество на Работилницата.

Работилницата ќе ја води Марина Анчевска, меѓународно сертифициран НЛП Мастер Тренер и Коуч заедно со меѓународно сертифицирани коучи Лимба Веселиновиќ и Зоран Паризов.