ПРВА ПРОФЕСИОНАЛНА КОУЧИНГ ЕДУКАЦИЈА СО СИСТЕМСКИ ПРИСТАП

📢 Доживејте трансформација во начинот на кој се поврзувате и работите со другите луѓе – помагајќи им да зајакнат и да станат креативни, снаодливи и способни да најдат одговори на нивните предизвици.

✨ СО ЗАДОВОЛСТВО ЈА НАЈАВУВАМЕ ПРВАТА ПРОФЕСИОНАЛНА КОУЧИНГ ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!!!✨

💲 ПРОМОТИВНА ЦЕНА за првата група!

📆 Времетраење: Декември 2021 – Мај 2022 година.

🪑 Резервирајте го вашето место навреме. Побарајте повеќе информации на:
078-402762
contact@centerbpsee.com

БРОШУРА – Професионална Лидерска Коучинг Едукација

🍀 Интензивнa и уникатна 5-месечна професионална коучинг едукација дизајнирана да се здобиете со искуство како да коучирате и водите други со леснотија и доверба, во секоја ситуација и за која било тема.

🍀 Со оваа професионална едукација се стекнувате со знаења за нов начин на комуникација кој што може да го трансформира животот, тимот, организацијата – дури и вашето семејство.

🍀 Преку интерактивен и искуствен начин на учење, практични индивидуални и групни вежби ќе научите вештини и техники со кои што ќе станете способни да го извлечете најдоброто од луѓето и да им помогнете да го постигнат својот потенцијал за да станат подобра верзија од себе.

👉 Оваа професионална едукација е наменета за:
– За лидери, менаџери, раководители на човечки ресурси, тим лидери, професионалци кои работат со луѓе, кои сакаат да ги надградат сопствените лидерски способности и да креираат одржливи промени,
– За оние кои сакаат да станат коучи во рамки на компанијата во која се вработени, како дел од нивниот кариерен развој,
– За оние кои веќе работат како коучи и сакаат да го продлабочат и збогатат своето знаење,
– За оние кои размислуваат да започнат професионално да се занимаваат со Коучинг како дополнителен кариерен ангажман.

👉 Придобивки:
✔ Унапредување на ефективноста на комуникацијата;
✔ Откривање и искористување на своите и потенцијалите на другите;
✔ Учење на ефективни начини за промена на однесувањето, емоционална трансформација и справување со стрес;
✔ Развивање вештини за идентификување и справување со конфликтни ситуации, промени и предизвици;
✔ Практични техники за воспоставување на рамнотежа помеѓу телото, умот и емоционалните процеси;
✔ Практични техники за поврзување со вашите клиенти, членови на тим и колеги на начини кои ја негуваат довербата, го катализираат самооткривањето, го подобруваат увидот и го инспирираат движењето во храбра акција,
✔ Техники за задржување на фокус на верувањата и вредностите наместо на однесувањето, со цел зајакнување на одговорноста, задржување на тимската кохезија и организацискиот систем;
✔ Вештини за зголемување и забрзување на потенцијалот за постигнување целите на тимот со откривање на способностите и талентите на луѓето, овозможувајќи им да бидат проактивни и помалку зависни,
✔ Освестување на моќта на личното лидерство и влијанието врз другите,
✔ Креирање свесност за организациска системска врска и согледување на мотивацијата за зголемување на професионалниот ангажман, посветеност и лојалност, за зголемување на задоволството на вработените и нивно задржување,
✔ Креирање на организациска култура која поддржува професионален раст и развој, опфаќа иновации, нови решенија и ментална агилност.

👨‍🎓 Оваа интензивнa и уникатна 5-месечна професионална коучинг едукација е креирана и водена од Марина Анчевска, меѓународно сертифициран Коуч, бизнис и личен коуч, меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Мастер Тренер, со повеќе од 17 години искуство и реализирани повеќе од 8000 часови коучинг за поединци, менаџери и извршни директори, тимови и компании.

Од аспект на практичната примена на коучингот во бизнисот и секојдневното работење, свој професионален придонес ќе дадат и два еминентни гости предавачи.

📢 Професионалната коучинг едукација се состои од 48 часа теоретски дел, практичен дел, менторски сесии и практичен испит.

👉 Теоретски дел:
✔ Десет Master Classes со предавања и интерактивни вежби со времетраење од 4 часа по Master Class,
✔ Две сесии со практични вежби, прашања и одговори со времетраење од 3 часа по сесија.
✔ Две менторски сесии поединечно за секој учесник, со времетраење од 1 час по менторска сесија.

👉 Практичен дел: што е обврска на секој учесник, кој учесникот го изведува надвор од времетраењето на теоретскиот дел:
✔ Практично изведување на 2 кратки коучинг разговори со времетраење од 30 минути по разговор,
✔ Практично изведување на 2 целосни коучинг разговори со времетраење од 60 минути по разговор и подготовка на извештај.
Со практичното изведување на коучинг разговорите учесниците на програмата ќе може да започнат по завршување на Master Class 5.

Теоретскиот дел ќе се изведува во тек на работни денови.
Термини за Master Class – од 16.00 до 20.00 часот.
Термини за Сесија за прашања и одговори – од 16.00 до 19.00 часот.

9️⃣ Бројот на учесници е ограничен на максимум 9 лица имајќи ги во предвид воведените здравствени мерки и протоколи во врска со пандемијата CoVID 19.

💲 ПРОМОТИВНА ЦЕНА за првата група!

💵 МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 6 МЕСЕЧНИ РАТИ!

Побарајте повеќе информации на:
078-402762
contact@centerbpsee.com