




Отворена за сите заинтересирани.


ШТО Е СИСТЕМСКА КОНСТЕЛАЦИЈА?
Во секој систем, почнувајќи од семејството од кое што потекнуваме, постои природен ред и поредок. Кога природниот поредок ќе се наруши под влијание на надворешни сили, како што е на пример раната смрт, се појавуваат заплеткувања кои што може да опстојуваат и неколку генерации.
Овие заплеткувања се како ветрот, тие не се видливи, но нивното присуство се чувствува преку разни нарушувања и преку нивното влијание врз нашето тело и сетила.
Заплеткувањата во семејната динамика може да резултираат со тешкотии во односите помеѓу партнерите, родителите и децата, браќата и сестрите, односите со другите луѓе, колегите на работа и други важни врски. Тие исто така можат да придонесат за појава и на други потешкотии како што се зависности, болести и негативни обрасци на однесување кои се повторуваат во нашите животи.
Системската констелација е метод, пристап, применета филозофија, проучување на односите меѓу луѓето и корисна алатка за откривање и трансформирање на всадените обрасци на однесување, кои инаку се многу предизвикувачки за разбирање и менување.











➓ Групата ќе има ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ – НАЈМНОГУ 10 ЛИЦА.
Пријавувањето ќе биде по принципот Прв дојден – Прв услужен. Затоа резервирајте го вашето место навреме.
Пратете порака на Вибер – 078-402762

