❓ Се прашувате ли зошто не можете да најдете партнер?
❓ Ве мачи ли причината поради која постојано имате недостаток на пари?
❓ Дали главата ви е полна прашалници за тоа што ве спречува да најдете работа која ќе ве исполнува?
❓ Или пак имате некое друго прашање за кое сакате да навлезете подлабоко во неговата суштина и да добиете информации за одредени случувања во вашиот живот?
‼️ Ако вашиот одговор е да, тогаш ова е вистинскиот настан за вас! Ве покануваме да ни се придружите!
👇

👪 ВЕЧЕР ЗА СИСТЕМСКИ КОНСТЕЛАЦИИ
Отворена за сите заинтересирани.

📆 На 6 октомври 2021 година од 17.00 до 20.00 часот.

👌 Настан од интерактивен карактер кој ќе го води Марина Анчевска, меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Мастер Тренер, меѓународно сертифициран Capital Coach, Системски бизнис и личен коуч, меѓународно сертифициран трансформациски претприемач, холистички терапевт и Јога учител.

ШТО Е СИСТЕМСКА КОНСТЕЛАЦИЈА?
🌐 Во секој систем, почнувајќи од семејството од кое што потекнуваме, постои природен ред и поредок. Кога природниот поредок ќе се наруши под влијание на надворешни сили, како што е на пример раната смрт, се појавуваат заплеткувања кои што може да опстојуваат и неколку генерации.
🌐 Овие заплеткувања се како ветрот, тие не се видливи, но нивното присуство се чувствува преку разни нарушувања и преку нивното влијание врз нашето тело и сетила.
🌐 Заплеткувањата во семејната динамика може да резултираат со тешкотии во односите помеѓу партнерите, родителите и децата, браќата и сестрите, односите со другите луѓе, колегите на работа и други важни врски. Тие исто така можат да придонесат за појава и на други потешкотии како што се зависности, болести и негативни обрасци на однесување кои се повторуваат во нашите животи.
🌐 Системската констелација е метод, пристап, применета филозофија, проучување на односите меѓу луѓето и корисна алатка за откривање и трансформирање на всадените обрасци на однесување, кои инаку се многу предизвикувачки за разбирање и менување.
👉 Дава информации за тоа што се случило во минатото кое што во голeма мера влијае на сегашните случувања.
👉 Ги изнесува вистинските прашања на виделина.
👉 Дава простор и слобода за донесување одлуки што ја менуваат ситуацијата.
👉 Овозможува ослободување на енергијата која е заклучена заради невидливи динамики во семејството, организацијата или системот.
👉 Води кон разбирање и заздравување на неспоредливо јасен, директен и ефикасен начин.

💲 Вашата инвестиција за учество на овој интерактивен настан изнесува 1200 денари.

➓ Заради воведените протоколи, групата ќе има ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ – НАЈМНОГУ 10 ЛИЦА.

📌 Пријавувањето ќе биде по принципот Прв дојден – Прв услужен. Затоа резервирајте го вашето место навреме.
📲 Пратете порака на Вибер – 078-402762.